Норвешка е убава земја, а посебно нејзиниот западен брег, кој многумина остава без здив.
За временски да се скрати патувањето, Владата на Норвешка работи на најголемиот инфраструктурен објект во историјата на оваа земја – автопатот Е39.
Според проектот, автопатот Е39 поминува од Кристиансанд на југот на Трондхаим на северот.
Рутата поминува покрај фјордови, а проценето е дека проектот ќе чини 47 милијарди долари.