5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Актерот Владо Јовановски читал песна од Блаже Конески, на повикувал на насилство

Адвокатот на обвинетиот актер Владо Јовановски, Донче Наков, рече дека неговиот клиент во периодот од 17:37 до 18:30 часот бил на новата железничка станица во Скопје да плаќа глоба за паркинг, за што имал докази од МВР за мандатна казна и од Јавното претпријатие за паркинзи. „Идентитетот му е утврден од МВР“, посочи Наков.

Според неговиот адвокат, Јовановски само пеел патриотски песни и држел говори без акт на насилство и умисла. Во пленарната сала, говорот го почнува со песна од Блаже Конески и не повикува на насилство.

Тој рече дека Јовановски пред влезот на Собранието стоел со грбот свртен кон вратата и рецитирал и пеел. Во кривичниот суд продолжи изнесувањето воведни говори на адвокатите на обвинетите за крвавиот четврток.

Судијката Добрила Кацарска ги предупреди адвокатите да ги почитуваат одредбите од Законот за кривична постапка и да се изјаснат на кои околности ќе ја темелат одбраната, а не да даваат завршни зборови.