12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Љупчо Димовски махинално мавтал со рацете

Пратеникот Љупчо Димовски со снимки од јавни настапи ќе докажува дека не дал наредба да се отворат вратите на Собранието, туку тоа што гестикулираал со рацете го правел постојано.

Овинителството го обвини Димовски дека со одредена гестикулација на рацете им дал знак на некои од сообвинетите да ги отворат вратите на Собранието.

Тие посочуваат дека ќе докажат дека Димовски таа гестикулација, односно движење на рацете го прави при секој настап.

„За ова судот ќе се увери од снимките што ги доставивме, односно дека тоа го прави махинално и воопшто не е свесен за тоа“, рече неговиот адвокат Еленко Миланов.

Во кривчниот суд денеска продолжува судењето на обвинетите за нападот во Собранието од 27 април минатата година. Обвинети се вкупно 33 лица.

Спонзорирано: