3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска одвојува 1 милион евра за референдумот, а војниците немаат униформи и превоз

Армијата се соочува со најлошите услови за работа од нејзиното основање. Војниците од 30-тина населени места во државата три недели немаат платен превоз, работат во стари униформи и има недостиг на храна, но Шекеринска одвојува 1 милион евра од буџетот за Армијата за референдумска кампања, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Срамно е да одвојуваш 1 милион евра за референдум, а да оставаш над 8 000 војници без униформи и чизми. Шекеринска пред само две недели го поништи тендерот во висина од 750 илјади евра за набавка на нови униформи и ги остави војниците со стари униформи.

Целосна неодговорност е да одвојуваш 1 милион евра за референдумска кампања во услови кога 1 милион евра чини 4-месечен платен превоз на сите релации на АРМ со кој се превезуваат над 8000 војници. Неодговорно е да одвојуваш 1 милион евра кога Армијата има недостиг на толку многу работи.

Граѓаните треба да знаат дека Шекеринска одвојува 1 милион евра за разубавување на капитуланскиот договор, во услови кога за обука на целата армија со над 8 000 припадници Министерството годишно троши 1 милион евра.

За изградба и реконструкција на објекти, Министерството за одбрана за цела година одвојува само 620 илјади евра.

750 илјади евра Шекеринска одвојува за тековни одржувања на објекти и инфраструктура на цела АРМ за цела година, а 1 милион евра за референдумската кампања.

Шекеринска е целосно неодговорна и расипнички се однесува со парите на Министерството за одбрана. Со Шекеринска на чело војниците мака мачат и страдаат, додека таа се луксузира. Ова мора да запре, Шекеринска е неспособна да го води Министерството за одбрана. СДСМ мора да си оди, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: