17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична против скопјанец за производство и продажба на наркотици

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 34-годишниот Ќ.А. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Врз основа на судска наредба, полициски службеници пред три дена извршиле претрес во домот кај пријавениот во Скопје.

„При претресот биле пронајдени четири полиетиленски пакувања со наркотична дрога хероин со вкупна маса од 186,84 грама хероин, една дигитална вага со остатоци од хероин и една сим картичка со остатоци од хероин“, се наведува во соопштението.