24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Граѓаните се за членство во НАТО и ЕУ, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став

Христијан Мицкоски да не се крие зад лажните вести што ги пласира неговата ВМРО-ДПМНЕ, туку да излезе пред граѓаните и да соопшти за што е, велат од СДСМ.

Во нивното соопштение додаваат дека Мицкоски или е за светла иднина, напредок, членство во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет или е за уназадување, криминал, изолација, враќање назад кон темно минато.

„Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ постојано зборуваше за референдум, а сега нема јасен став. Несериозно и неодговорно кон граѓаните и државата е да се нема јасен став за референдумот, за најважните прашање за иднината на државата. Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ и НАТО“, стои во соопштението на СДСМ.

Од партијата додаваат дека граѓаните се определени за светла иднина наместо, како што велат за небиднина, на референдумот на 30 септември граѓаните ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зајакнат и признаен македонски идентитет од целиот свет, стои во соопштението на СДСМ.