18.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Нема ниту иднина, ниту влез во ЕУ со криминал и корупција

СДСМ секојдневно пушта истото, ископирано, стерилно и безидејно соопштение што докажува дека раководството наместо на работа е фрлено на криминал и корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение. „Истото соопштение на СДСМ е со тези кои се преповторуваат и се уште еден доказ за летаргијата во нивната партија“, се додава во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„И не дека сме видовити, туку ова се потпира на искуството во претходните недели, каде СДСМ како на расипана грамафонска плоча повторува исти фалични тези за референдумот, провива, манипулира, го повикува ВМРО ДПМНЕ итн. Веројатно наместо на работа, луѓето од СДСМ се посветени на криминал“, стои во соопштението.

Но тоа нема да го покрие нивниот срам од договорот ниту ќе ги дефокусира аферите кои се случуваат на дневна основа, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ и посочуваат дека нема ниту иднина, ниту влез во ЕУ со криминал, со корупција која е највисока во Европа, и која е констатирана од Европската Унија, со образование кое е на опашката по квалитет во светски рамки, и економија која е на дното во Европа.