5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел: Продолжува потрагата по решение за украинската криза

Германија и Русија мора да продолжат да бараат решение за конфликтот во Украина, а договорите од Минск секако остануваат основа за решението, посочи германската канцеларка Ангела Меркел.

„Ние работиме на тоа веќе долго време, а договорите од Минск беа, се но и понатаму остануваат основа за решавање на конфликтот во Украина, иако морам да потенцирам дека сé уште нема стабилен прекин на огнот”, изјави Меркел пред почетокот на разговорите со рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера по кусиот престој на свадбата на австриската министерка за надворешни работи, Карен Клајнл, замина за Германија на средба со германската канцеларка Ангела Меркел.

Пред почетокот на средбата во изјава за медиумите и Путин потенцираше дека на средбата ќе биде разгледано прашањето за Украина. Рускиот претседател изјави дека неговата земја е подготвена да продолжи да работи на прашањето за решавање на состојбата во Украина.

Спонзорирано: