6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадинов: Да се биде дел од ЕУ значи повеќе можности и зголемување на вработувањата во Македонија

Со македонско-грчкиот договор пред нас се отвора патот за полноправно членство во ЕУ и НАТО, со признаен македонски идентитет, а членството во ЕУ за Македонија носи подобар животен стандард, повеќе пари, поголеми фондови, инвестиции, вработувања, екононски раст и развој, вели Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ.

„Да се биде дел од ЕУ значи повеќе можности и зголемување на вработувањата во Македонија, за отворање на нови и подобро платени работни места. Во соседна Бугарија на пример, невработеноста падна за 6,2% во 2017 година. Такви примери има многу за земјите коишто станале членки на Унијата“, додава Костадинов на прес конференцијата.

Во неговата изјава пратеникот на СДСМ исто така посочи дека не смееме да ја пропуштиме оваа историска можност за напредок, за обезбедување на нашата иднина, за нови работни места, подобар животен стандард и повисоки плати и ги повика граѓаните да излезат на референдумот на 30-ти септември.

Спонзорирано: