10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Германски ресторан забрани присуство на деца во вечерните часови

Ресторан на германскиот туристички остров, Риген, во Балтичкото море забрани псисуство на деца во вечерните часови.

Од угостителскиот објект наведуваат дека влезот е забранет за гости помали од 14 години, по 17 часот бидејќи не знаат како да се однесуваат,а на родителите не им е грижа.

„Децата ги малтретираат и вознемируваат гостите на соседните маси, влечат столици и превртуваат чаши со вино“, вели сопственикот.

Претседателот на Сојузот на хотели и ресторани во германската покраина Мекленбург, Западна Померанија, каде се наоѓа Риген, вели дека не е среќен поради одлуката на сопственикот, меѓутоа нагласува дека секој угостител има право да менаџира онака како што сака.

Спонзорирано: