10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дачиќ во Анталија: Србија нема да биде дел од никаква коалиција против Турција

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, денеска од Анталија изјави дека Србија е верен и искрен пријател на Турција и никогаш нема да биде дел од коалицијата на оние кои сакаат да работат против неа. Изјавата на Дачиќ следеше во рамки на свеченото отворање на српскиот конзулатот во Анталија, што се наоѓа во хотелот „Регнум“.

„Србија нема да биде дел од никакви коалиции против Турција, вклучувајќи и дел од организациите кои се наоѓаат во земји од нашиот регион. Србија нема да им пружа прибежиште на оние кои би се бореле против турските интереси, турската држава и нашите турски пријатели“, изјави Дачиќ.

Тој додаде дека бројот на туристи од едната во другата земја е во постојан пораст. Само лани Србија ја посетиле речиси 100.000 туристи од Турција, но и обратно 140.000 српски државјани ја посетиле Турција за една година.

„Можеме да направиме многу повеќе. Нашите две земји ги укинаа визите, а тоа е еден од најголемите степени на пријателство“, рече Дачиќ.

Министрите за надворешни работи на двете земји се договориле да работат заедно во борбата против тероризмот, отворањето на културни центри и соработка во областа на инвестициите.

Спонзорирано: