14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ставрески среде кампања нарачал инспекција од УЈП во фирма од Радовиш, оти била со Љубе или Љубчо

Во една од необјавените бомби, кои попладнево беа пуштени во судницата за предметот „Титаник“, ексминистерот за финансии, Зоран Ставрески, му нарачува на ексминистерот за транспорт и врски кој е обвинет во предметот, Миле Јанакиески, среде кампања да врти кај тогашниот директор на УЈП, Горан Трајковски, да пушти контрола кај фирмата „Марди“ од Радовиш.

„Нека пушти Горан контрола во фирма во Радовиш. Ако може и трудова инспекција“, вели Ставрески. Тој услугата ја бара од Јанакиески, бидејќи, како што вели, претходно ѝ помогнале многу на фирмата, ама сега тие се врзале со Љубе или Љубчо. Ставрески сакал да отиде во посета на Радовиш, но на неговите луѓе од градот никој не им одговарал од фирмата „Марди“ за средба со него.

„’Марди’ ни праи проблеми во Радовиш. Че му еби*е мајката, ја знам шо че праиме“, додава Миле Јанакиески на друг соговорник.

Спонзорирано: