9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Шилегов: Работиме на решавање на проблемот со кучињата скитници

При извршувањето увид во градежните работи за реконструкција на улицата Ацо Шопов во општина Карпош, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање и денеска уште еднаш посочи дека градот работи на изнаоѓање решение за кучињата скитници.

„Овој град требало да работи по законските прописи коишто важат во Република Македонија, особено кога се животни скитници во прашање 10 години. Тоа никој пред мене не го сработил, не можете да очекувате дека сега градоначалникот со волшебно стапче може да го реши тој проблем, меѓутоа мора да го поставите системот којшто постепено ќе донесе до исчезнување на животните скитници, за на среден рок да кажете дека сте го решиле проблемот, тоа е она коешто сега го работиме“, изјави Шилегов.

Шилегов додава дека мора добро да се постави основата за да се влезе во имплементација на целокупниот систем.

„Веројатно, не очекувате дека јас за 10 месеци треба да изградам и нови стационари за кучиња скитници, а да немате предвид дека претходната администрација изградила дивоградба. За мене тоа е една од најапсурдните работи што ги имам чуено, градот да гради дивоградба“, додаде градоначалникот на Град Скопје.