17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Светот во тага: Почина познатата музичка ѕвезда

Арeта Френклин, кралицата на соул-музиката во САД и културолошка икона, денеска почина на 76 години од рак на панкреас, пренесоа американските медиуми.

Публицистот Гвендолин Квин изјавил за „Асошиејтед прес“ дека Френклин починала денеска во 9:50 наутро во нејзиниот дом во Детроит. Во изјавата се вели дека причината за смртта бил рак на панкреасот во напредна фаза.

Минатата година Френклин ги најави своите планови да се повлече од музичките турнеи по објавувањето на новиот албум.

Добитничката на 18 Греми награди е една од најпродаваните уметници на сите времиња е дел и од „Рокенрол куќата на славните“.

Во 2017 година, Френклин изјави дека планира да се пензионира по соработката со Стиви Вондер на нов албум.

„Ќе снимам, но ова ќе биде мојата последна концертна година“, изјави Френклин лани.