20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Турски војници загинале откако по грешка кон нив пукале колеги

Четворица турски војници загинаа во насилство во југоисточна Турција, каде што армијата се бори против курдските бунтовници.

Тројца од нив случајно загинале во меѓусебна размена на оган.

Канцеларијата на гувернерот во провинцијата Адијаман соопшти дека еден војник загинал кога бунтовниците активирале бомба на патот додека по него минувало воено возило.

Друга група војници пристигнала на местото на нападот во цивилно возило за да помогне при евакуацијата на повредените. Меѓутоа, на нив оган отворила друга воена единица, кои сметале дека пријателските сили се курдски бунтовници, соопшти кабинетот на гувернерот.

Десетици илјади луѓе се убиени во деценискиот конфликт меѓу турските сили и бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК).