14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Швајцарија: Новата банкнота од 200 франци ги вознемири бившите Југословени

Швајцарската народна банка претстави нова банкнота од 200 франци. Банкнотата не е пуштена во оптек, а веќе предизвика расправии помеѓу народите од бивша Југославија кои живеат во Швајцарија.

Имено, на банкнотата се наоѓа мотив три прсти кои потсетуваат на српскиот национален поздрав. Но, тоа е и симбол кој предизвикува непријатност меѓу Босанците, Хрватите и Косовците бидејќи ги потсетува на војните 90-тите години на просторот на бивша Југославија.

Најгласни биле Босанците кои гласно негодувале на социјалните мрежи па Швајцарската народна банка морала да даде објаснување.

„Трите испружени прсти на новата банкнота од 200 франци претставуваат координантни оски – x, y, z. Тие ја означуваат просторната димензија во која се шири материјата, главниот елемент на банкнотата“, објаснила Силвиа Оплигер, портпаролка на Швајцарската народна банка.