3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Зградите испукаа, а снема и струја – прилично силен земјотрес на јадранот

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтерова скала го погоди централниот дел од италијанската страна на јадранското крајбрежје, информирал италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.

Епицентарот бил во близина на градот Монтечилфоне, на длабочина од 19 километри, а се почувствувал синоќа во 23:48 часот, пренесува Анса.

После првиот удар следувал и еден помал од 2,3 степени според Рихтерова скала.

Сѐ уште нема информации за жртвите, но земјотресот предизвикал мали оштетувања и пукнатини во зградите и снемало и електрична енергија.

Спонзорирано: