14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во сообраќајна незгода во Словенија повредени осум мигранти, возачот уапсен

Осум мигранти од Авганистан, возрасен маж и жена со шест деца, се повредени утрово во сообраќајна несреќа во Словенија. Возачот на автомобилот, по потекло Хрват, е уапсен за шверцување луѓе.

Несреќата се случила пред три часот утрово на локалниот пат Подгорје-Кастелец кога 24-годишниот Хрват изгубил контролата над возилото по што автомобилот излетал од патот и се превртел.

Според податоците на словенечката полиција, во земјата оваа година досега влегле околу 5.000 бегалци и мигранти, од кои многумина преку новата балканска рута – од западна Босна, преку Хрватска, па јужна Словенија.