17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото pixabay
СВЕТ

Маскирани вандали во Шведска запалија десетици автомобили и фрлаа камења врз полицијата

Десетици автомобили беа запалени минатата ноќ, а бандите на маскирани млади луѓе фрлаа камења врз полицијата во Шведска. Палењата се пријавени во градовите Малме, Гетеборг и Хелсингборг, а на интернет беше објавено видео на кое се гледа како маскирани момчиња палат автомобили во трговскиот центар и на паркингот на болницата во западниот дел на земјата.

Видео плејер
00:0002:12
Шведската полиција соопшти дека нема повредени. Сите пожари беа изгаснати до полноќ, а полицијата соопшти дека идентификацијата на сторителите е во тек, но сè уште не се знае дали некој е уапсен.

Шведското национално радио објави дека на теренот имало 40-ина пожарникари кои се бореле против пожарите на разни локации. 80 возила биле оштетени, а цел на нападите биле и три карвани и еден камион. Сведоците велат дека нападите ги извршиле темнокоси младинци. Ова насилство се случи само три недели пред Швеѓаните да излезат на гласање на парламентарните избори.

Шведскиот премиер Стефан Лофвен денеска го осуди палењето десетици автомобили во југозападниот дел на земјата велејќи дека општеството мора остро да реагира на ваквите настани. Лофвен изјави за шведското радио дека е навистина лут и ги прашал сторителите што се обидувале да постигнат со тоа.