25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Костадинов: Со членство во ЕУ влегуваме во пазар од 500 милиони потрошувачи

Со членство во ЕУ влегуваме во пазар од 500 милиони потрошувачи, изјави денеска Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

„Македонско-грчкиот договор го отвора патот за полноправно членство на Македонија во НАТО и ЕУ, со признаен и зајакнат македонски идентитет. Со пристапувањето кон ЕУ создаваме услови за подобрување на животниот стандард на сите наши граѓани, за поголеми плати, повеќе и подобро платени работни места, инвестиции, раст и развој. Со членство во ЕУ влегуваме во пазар од 500 милиони потрошувачи, или 7,5% од светската популација. Влегуваме во најголемата светска економија со учество од 23,8% од светскиот БДП. За нас како држава, за нашите граѓани и компании, тоа ќе значи влез во 25 пати поголем пазар, со приближно 5 пати поголем стандард на живот (според БДП по жител) и значително ниска стапка на невработеност“, рече Костадинов.

Тој додаде дека членството во ЕУ го подобрува кредитниот рејтинг на земјата и значително ги зголемува домашните и странските инвестиции.