17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Раздвижено во зградата на Владата – пристигнаа високите функционери, еве што се случува

Со почеток во 12:00 часот, Владата ја почна редовната, 83 – та седница

На денешната владина седница меѓу другите точки, на дневен ред се предлог – измените на Програмата за финансиска поддршка во земјоделство за 2018 -та година.

На предлог на Министерството за труд и социјална политика, министрите на седницата ќе дебатираат за предлог – програмата за изменување на програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2018 -та година, како и за извештајот за преземени мерки и активности за 2017-та година и оперативниот план за 2018-та година за спроведување на Националната стратегија за стари лица 2010-2020 година.

Како материјал за информирање, министрите ќе разгледаат неколку извештаи. Меѓу нив се извештајот на независниот ревизор за извршена ревизија на работењето на Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош за периодот од 1 јануари до 31 декември 2017 -та година, како и извештајот за текот на имплементација на Планот за гаранција за млади (пилот фаза 2018 година).

На дневен ред на 83-тата Владина седница е и информацијата за имплементација на ИПА II Акциската програма 2014-та, „Поддршка на Секторот Правда”.