11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тачи: Да се обединиме околу соединување со Прешевската долина

Косовскиот претседател, Хашим Тачи им заблагодари, по пат на „Фејсбук“, на сите лидери и граѓани од таканаречената Прешевска долина.

Тој изрази благодарност до сите кои го поддржуваат соединувањето на Прешево, Бујановац и Медвеѓе со Косово во рамки на, како што рече, корекцијата на границите помеѓу Косово и Србија. Тачи ги повика политичките лидери на Косово да се обединат околу оваа цел.

Исмет Беќири од опозициониот Демократски сојуз на Косово, го обвини Тачи за лицемерие и манипулација со чувствата на сонародниците од Прешевската долина.

„Тие заслужуваат поддршка, треба да се работи повеќе за дискриминираните албански граѓани. Она што не треба е да се манипулира со нивните чувства, емоции и права“, рече Беќири.

Опозицијата смета дека вакво обединување веројатно нема да се случи.