22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Советот за етика во медиумите објави конкурс за најдобри новинарски стории

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) објави конкурс за најдобри новинарски стории од сферата на општествено-социјалниот живот, со фокус на унапредувањето на човековите права и промовирањето на правата на социјално ранливите и маргинализирани групи граѓани.

Јавниот повик е отворен за сите професионални новинари и редакции, кои објавиле свои стории во медиумите во Македонија во периодот од 1 јуни 2017 година до 1 јуни 2018 година. Пријавените содржини треба да ги исполнуваат критериумите за автентична и аналитична новинарска работа од поширок јавен интерес која ги задоволува етичките стандарди во новинарството, преку демонстрирање силна определба на авторот за доследна и темелна разработка на темата.

Авторите на најдобрите стории ќе добијат парични награди во износ од: прво место – 700 евра, второ место – 600 евра и трето место – 500 евра. Изработената содржина може да биде во каква било новинарската форма или жанр (текст, прилог, документарец, репортажа, интервју…) Сторијата може да биде пријавена од самите новинари и медиуми или од поединци, институции и граѓански здруженија.

Бројот на сториите со кои што може да учествува еден автор или редакција е ограничен на три, а конкурсот е отворен до 10 септември 2018 година.

Наградите за најдобри стории од сферата на општествено-социјалниот живот, Советот за етика на медумите во Македонија (СЕММ) ги доделува за да ги поттикне новинарите во промовирање на концептот на социјална инклузија и интеграција на ранливите и маргинализирани групи граѓани, преку професионална и етичка обработка на темите од јавен интерес.