14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицаец од Скопје се запрепастил кога си го видел Фејсбукот – веднаш пријавил во полиција

Во полициската станица Бит Пазар синоќа полицаец пријавил дека непознато лице на социјална мрежа во негово име и со слика им се заканувал и им барал пари на други лица.

Како што соопшти МВР, синоќа во 22:40 часот во Полициската станица Бит Пазар полициски службеник од Скопје пријавил дека непознато лице ја презело неговата слика од социјална мрежа, на која бил во полициска униформа, и на истата социјална мрежа во негово име и со негова слика им се заканувал и им барал пари на други лица.

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

Спонзорирано: