11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во воздушни напади во Јемен убиени 29 деца и уште толку повредени

Најмалку 43 лица, меѓу кои и голем број деца, се убиени во воздушни напади на фреквентен пазар и училиштен автобус во провинцијата Сада, на северот во Јемен.

Како што соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст, во нападите загинале 29 деца помлади од 15 години.

„Нашиот медицински тим доби 29 тела на деца помлади од 15 години, а стигнаа и 48 повредени лица, меѓу кои 30 деца“, објави Црвениот крст наведувајќи дека повредените и жртвите биле пренесени во болница во Сада, која е упориште на бунтовничките Хути.

Во меѓувреме коалицијата предводена од Саудиска Арабија соопшти дека ги нападнала Хутите бидејќи во средата лансирале ракета кон саудискиот град Џизан. Коалицијата соопшти дека во прашање била легитимна воена акција.

Според меѓународното право, цивилите мора да бидат заштитени за време на конфликт. Во граѓанската војна во Јемен досега загинаа околу 10.000 лица, неколку десетици илјади се повредени, а повеќе од 2,5 милиона се во бегство.

Спонзорирано: