20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грците предупредуваат да не се оди на Црвената плажа, туристите не слушаат

И покрај многуте предупредувања, туристите и натаму ја посетуваат забранетата Црвена плажа на Санторини.

Седат, се сончаат, пливаат како да нема опасност од лизгање на земјиштето, а не им пречи ни земјата што се расфрлана низ плажата како резултат на претходните лизгања на земјиштето.

Во грчките медиуми одамна се зборува за целосна забрана на одењето на оваа плажа, а темата беше актуализирана по трагичните пожари во Мати.

За жал, голем број туристи ги игнорираат таблите и многуте предупредувања и сè уште уживаат на оваа плажа така што останува надежта дека властите и физички ќе го забранат пристапот.

Спонзорирано: