10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Хрватска четири сомнителни случаи со вирусот „Западен Нил“

Хрватскиот институт за јавно здравје доби два извештаи за сомневање на треската „Западен Нил“ кај лица кои пристигнуваат во Хрватска од Србија. Во последните неколку дена беа примени дополнителни два извештаи за сомневање за истата болест врз основа на клиничката слика на лица кои живеат во Хрватска, кои се подложени на дијагностички третман, изјави д-р Сања Куречиќ Филиповиќ од Одделот за епидемиологија на инфективни болести на Хрватскиот институт за јавно здравје.

Новосел нагласува дека инфекцијата поминува без симптоми кај 80 отсто од случаите, додека кај 20 отсто се јавуваат поблаги симптоми кои личат на настинка или грип, треска, главоболка, болки во мускулите и болки во зглобовите, слабост, гадење и повраќање, а понекогаш и осип.

Најголем ризик од ова заболување имаат лицата постари од 50 години, како и лицата со малигни заболувања, дијабетес, хронична бубрежна болест и покачен крвен притисок.

Спонзорирано: