17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Илустрација
СВЕТ

Бројот на загинати во пожарот во Атика се зголеми на 93 лица

Бројот на загинати во пожарот во источниот дел на Атика, во близина на Атина, се зголеми на 93 лица кога денеска во болница почина уште едно лице.

Најновата жртва од пожарот е 78-годишна жена од Мати, која имала хронични здравствени проблеми и била на интензивна нега во болницата.

По катастрофалните пожари во Атика, вчера грчките обвинители добија детали за 92 жртви вклучувајќи и две неидентификувани лица како дел од истрагата.

Информациите треба да им помогнат на обвинителите при контактот и повикувањето на роднините на загинатите и другите преживеани во пожарите да дадат исказ со цел собирање докази.

Грчката влада, пак, најави уривање на речиси 3.200 дивоградби во и во близина на Атика и Атина.

Вчера, како што објави грчки „Катеимерини“, во Атика избил нов пожар. Секретаријатот на Министерството за внатрешни работи за цивилна заштита нареди сите служби да бидат во состојба на готовност.

Како мерки на претпазливост на возилата им е забрането да минуваат низ одредени паркови, шуми и области каде што постои ризик од пожар.