18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Италија заплени 20 тони албанска дрога

Италијанската полиција заплени дури 20 тони албанска дрога од типот канабис сативас, која била скриена во брод што пловел од Црна Гора за Италија под знаме на Панама.

Албанските медиуми, кои се повикуваат на италјанската полиција, јавуваат дека албанските произведувачи и шверцери првин ја пренеле дрогата во Црна Гора, а потоа од црогрските пристаништа со бродот „Ремус“ се обиделе да ја внесат во Италија преку Палермо.

Во акцијата, сопоред истите извори, притворени се 11 члена на екипажот.

К. М.

Спонзорирано: