13.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Украинец кој паднал со параглајдер спасен на Галичица

МВР излезе со детали за несреќата која ја објави вчера Centar.mk, триесет и седумгодишен Украинец кој со параглајдер паднал на планината Галичица е пронајден и спасен кај месноста Баба. Тој веднаш е пренесен на лекување во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што му се констатирани тешки телесни повреди.

Како што информираат од охридската полиција, за несреќата се дознало вчера во 14:50 часот кога во СВР Охрид вработени во Националниот парк „Галичица“ пријавиле дека кај месноста Баба паднало лице со параглајдер.

Екипа на униформирани полициски службеници од СВР Охрид веднаш се упатила на посоченото место, а била известена и планинарската служба за спасување, како и Итната медицинска помош.

,,На местото бикано Баба во контактибилна состојба е затекнато лицето О.В. ( 37) од Киев, Украина, кој претходно летал со параглајдер по што, од засега неутврдени причини, изгубил висина и паднал”, информираат од СВР Охрид.

Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде што се констатирани тешки телесни повреди по што е задржан на понатамошно лекување. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршија екипи на СВР Охрид.