5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Сталоне и на 72 години во топ-форма

Силвестер Сталоне по се изгледа не може без Роки, а ни без Рамбо. Најновото продолжение на серијалот за боксерот Роки Балбоа ќе се појави на големиот екран до крајот на годината, а дотогаш Сталоне во теретана ја одржува својата топ-форма за новото продолжение на култната серија „Рамбо”.

Иако самиот вели дека ќе се појави за последен пат во улогата на Рамбо, Сталоне изгледа не размислува за пензионирање.

„Другите ѕвезди зборуваат за своето откажување и за тоа колку и се даваат на публиката. За мене тоа е чест:„Ајде, пумпај!”, напиша актерот под фотографијата на која вежба во теретана.

И покрај тоа што е на возраст од 72 години, популарниот Слај, се чини, сè уште е во врвна форма.

„Рамбо V” ќе се прикажува во кината кон средината на следната година.