7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

„Еуромакс ресоурсис“: Проектот за бакар „Иловица-Штука” нема да користи цијанид

Проектот за бакар „Иловица-Штука“ нема да користи цијанид, и тоа значи дека е целосно безбеден, соопштуваат од „Еуромакс ресоурсис“, од каде во своето соопштение додаваат дека тој се развива според највисоките стандарди за животна средина, и според домашното и според меѓународното законодавство.

Сите обвинувања кон проектот се изнесени на паушални основи и не се поткрепени со никакви факти, велат оттаму во своето соопштение, додавајќи дека не само што пректот е целосно безбеден, тој ќе донесе и бенефит за македонската економија.

Од „Еуромакс ресоурсис“ посочуваат дека сите оние кои сакаат, можат да извршат увид во целокупната документација на проектот, која е јавно достапна.

Имајќи го предвид ставот на локалната заедница, менаџментот на компанијата, посочуваат во соопштението, донел одлука да не го користи цијанидот во постапката, како и суфурната киселина.

Рудникот ќе работи согласно еколошките стандарди, повисоки од оние утврдени од ЕУ, без никакво влијание врз земјоделството, додаваат од компанијата.

Спонзорирано: