4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Скапароти изрази надеж дека Македонија ќе стане 30. членка на НАТО

Командантот на НАТО-силите во Европа, генерал Куртис Скапароти, при посетата на земјава изрази надеж дека Македонија ќе стане 30. членка на Алијансата. НАТО, рече Скапароти, високо го вреднува придонесот на Скопје во операциите на НАТО во Авганистан и учеството на македонските трупи во поддршка на меѓународните сили.

Врховниот командант на НАТО-силите за Европа и командант на американските сили во Европа, генерал Куртис Скапароти, во касарната „Илинден“ во Скопје проследи показна воена вежба од македонските војници.Тој рече дека на показната вежба забележал дека АРМ ги користи НАТО-стандардите и процедурата и изрази задоволство од тоа што го видел.

,,На референдумот очекуваме граѓаните да го препознаат својот интерес, интересот на државата и идните генерации и да гласаат позитивно. Изборот е јасен, иднина или изолација”, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, по средбата со Скапароти.

Таа додаде дека Македонија е цврсто решена во еден брз и интензивен процес да стане 30. членка на НАТО. „Како Влада, како Министерство за одбрана правиме сè за да обезбедиме непречено одвивање на овој процес и успешен резултат. Еден од тие клучни чекори ќе биде референдумот на 30 септември. На референдумот очекуваме граѓаните да го препознаат својот интерес, интересот на Република Македонија, интересот на државата и идните генерации и да гласаат позитивно. Изборот е јасен, иднина или изолација, членство во НАТО и ЕУ или уште една изгубена деценија“, рече Шекеринска.

Според неа, членството во НАТО носи безбедност, стабилност и сигурност, ги охрабрува странските инвеститори и носи повеќе и подобро платени работни места.