17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

По бранот самоубиства меѓу таксистите, Њујорк му зададе удар на „Убер“

Градскиот совет на Њујорк во период од една година нема да издава дозволи за вршење такси-услуги по принципот економска поделба, притоа задавајќи им удар на компаниите како „Убер“ и „Лифт“, кои се потпираат на најголемите американски метрополи како главен извор на приходи.

Њујорк е првиот голем американски град кој воведе такво ограничување, и тоа во рамки на пакетот мерки што вклучува воспоставување минимална плата за возачите.

Пакетот мерки, на кои се противат сите големи даватели на услуги на возење според принципот економска поделба, е во насока на намалување на сообраќајниот метеж и зголемување на платите на возачите.

Падот на приходите од такси-возење деморализира многу возачи, така што во последните неколку месеци се забележани шест самоубиства меѓу таксистите.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, изјави дека има намера да го потпише законот, со што ќе почне периодот од една година во кој нема да биде издадена ниту една нова лиценца за изнајмување возила, со исклучок на возилата прилагодени за инвалидска количка.

Напорите за ограничување на услугите на превоз по принципот економска поделба во Њујорк не наиде на одобрување од страна на компаниите ангажирани во обезбедувањето услуги за возење на повик, вклучувајќи ги „Убер“, „Лифт“ и „Виа“.