13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Гувернерката ќе ги разгледа барањата на граѓанските здруженија за 80 000 блокирани сметки

Претставници на граѓанското здружение „Човекот над профитот” вчера се сретнале со гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска-Бежовска , во контекст на блокираните трансакциски сметки на огромен број граѓани на Република Македонија.

„Побараваме директна помош за одблокирање на трансакциските сметки на граѓаните под итно. Исто така, предмет на разговор беа и цените за одблокирање на сметки од страна на приватните банки, кои се превисоки, и неретко ја надминуваат сумата на основниот долг“, вели Ана Глигорова од „Човекот над профитот“.

Бројот на блокирани сметки е над 80 000, а со тоа според граѓанските активисти погодени се над 300 000 луѓе.

Повеќе граѓански здруженија кои веќе две години наназад бараат од надлежните да го сменат Законот за извршување и да ги одблокираат сметките на граѓаните, протестираа на 1 мај, а потоа добија ветување од новата министерка за правда, Рената Дескоска, дека ќе се има промени во Законот.

Министерката за правда, Рената Дескоска, по назначувањето вети дека ќе го скастри тарифникот за извршување и ќе ги намали извршителските дејствија кои се преземаат против граѓаните, како клучни промени во Законот за извршување.

Работата на извршителите беше дел од предизборните говори на премиерот Зоран Заев, кој тврдеше дека ќе им застане на патот и ќе стави крај на лошите извршни решенија.

Спонзорирано: