23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Двајца повредени во сообраќајка во Охрид

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа во Охрид. Според полицијата, вчера во 14:45 часот на кружната крстосница кај улиците Железничка и 15. Корпус во Охрид, се случила сообраќајна незгода помеѓу „пежо 206“ со битолски регистарски ознаки и мопед марка „пежо“ со охридски регистарски ознаки во кој се превезувале две лица.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Т.Н.(33) од Велгошти, а со телесни повреди се здобил М.Б.(24) од Охрид. Тие со возило на брза помош се пренесени во болница „Св.Еразмо“ и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Незгодата се случила при движење на мопедот по улицата 15. Корпус од правец на селото Лескоец кон Охрид, а автомобилот „пежо“ се движел по улицата Железничка према улицата 15. Корпус. На критичното место се случил судар на десната страна од мопедот и предната страна од автомобилот „пежо“. На местото на сообаќајната незгода, по овластување на Јавен обвинител, увид извршија полициски екипи од СВР Охрид.