10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Илустрација
СВЕТ

Пожар во Германија, осум лица повредени, полицијата се сомнева дека пожарот е подметнат

Пожар избувна во куќа во западниот дел на Германија. Во куќата во која избувнал пожарот имало сместено мигранти, кои ги чекале нивните барања за азил.

При пожарот осум лица беа повредени, соопшти германската полиција.

Од полицијата додаваат дека едно лице кое било сместено во истата куќа е уапсено поради сомневање дека го подметнал пожарот.

Пожарот избувнал во понеделникот вечерта, во близина на Келн, а според информациите добиени од чуварите, пожарот најверојатно избувнал во просторија што се наоѓала на приземјето, по што морала да биде евакуирана целата куќа.

Спонзорирано: