10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Потврдени три нови случаи на ебола во Конго

Министерството за здравство во Конго соопшти дека денеска се потврдени уште три нови случаи на ебола во провинцијата Северен Киву, во источниот дел на земјата.

Со новите три случаи бројот на заболени лица се искачи на 16.

Досега се регистрирани 33 смртни случаи.

Се претпоставува дека лицата кои починале биле заболени од ебола, соопшти Министерството за здравство на оваа држава.

Последното избивање на епидемија се случи една недела откако владата во Конго прогласи крај на епидемија во северозападиот дел на земјата, каде што починаа исто така 33 лица.

Засега се идентификувани 879 лица кои имале контакт со пациенти заболени од ебола, соопшти Министерството.