3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нема веќе да е лесно да се дојде до државјанство на ЕУ

Европската комесарка за правда, Вера Журова, критикуваше некои членки на ЕУ за практиката да им доделуваат „златни пасоши” на богатите луѓе од земјите надвор од Унијата и побара од нив да направат повеќе со цел таквото државјанство да не го добиваат криминалци.

Брисел смета дека државјанството треба да се додели само во случаи кога постои соодветна поврзаност со засегнатата земја, но одлуките се однесуваат на државите поединечно. Малта и Кипар се меѓу земјите кои се критикувани, објави АП.

Доделувањето на државјанството може да биде „сериозен безбедносен ризик”, бидејќи дава права како што е слободата на движење во ЕУ, кажа Журова.

Според нејзините зборови, некои земји мора да сторат повеќе за да не им се даде државјанство на криминалците кои сакаат да ја загрозат европската безбедност или да се справат со перењето пари.

Спонзорирано: