8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Продолжува спасувачката акција во Индонезија

Спасувачките екипи на туристичкиот остров Ломбок во Индонезија и натаму трагаат по исчезнати по катастрофалниот земјорес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала, кој ја погоди областа. Од урнатини на една џамија оштетена во силниот земјотрес, војниците успеале да извлечат уште еден човек.

Портпаролот на агенцијата за справување со катастрофи посочи дека се надева оти под урнатините на џамијата има и други преживеани. Властите велат дека околу 20 000 луѓе во овој момент се наоѓаат во привремени засолништа, многумина и натаму ноќите ги минуваат под отворено небо.

Како еден од проблемите кои властите исто така го посочија е и проблемот со водата за пиење. Стотици туристи и работници и денеска се обидуваат да го напуштат Ломбок, на островот во моментов нема ниту електрична енергија.

Претходно, Ломбок на 29 јули беше погоден од уште еден земјотрес со јачина од 6,4 степени, при што загинаа 17 лица, неколкумина беа повредени. Обединетите нации претходно соопштија дека ќе испратат помош до загрозените подрачја.