13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Три француски градови забранија употреба на автомобили што го загадуваат воздухот

Во три француски градови, Париз, Стразбур и Лион, властите забранија возење на одредени видови автомобили што најмногу го загадуваат воздухот.

Оваа мерка беше воведена отакако за време на летните жешки денови кои ја зафатија Европа беше забележано зголемено ниво на загаден воздух.

Во Париз и Стразбур забраната важи за возила стари 12 и повеќе години.

Во Лион, пак, дозволено е управување само на еколошки автомобили со налепници „за чист воздух“.

Спонзорирано: