4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk/архива
ЛОКАЛНО

Дополнителен број автобуси на линиите 69 и 28 во следните денови

ЈСП Скопје ги информира своите корисници дека во пресрет на верските празници Света Петка и Свети Пантелејмон, од утре до четврток ќе пушти во сообраќај дополнителен број автобуси на линијата 69 и дополнителен број автобуси во среда и четврток на линијата 28.

„Утре, 7.08 2018 година (вторник), на линијата 69 која сообраќа од Транспортен центар до с.Дивле, ќе се реализира едно поаѓање, и тоа во 15:30 часот. На 8.08.2018 година (среда) ќе сообраќаат три автобуса од с.Дивле кон Транспортен центар, и тоа во 5:45, 15:30 и во 19:30 часот. Посочените поаѓања, всушност, се вонреден превоз имајќи предвид дека автобуската линија 69 сообраќа само за време на викенди“, соопшти ЈСП.

Во случајов, вонредниот превоз е по барање на црковниот одбор на „Св.Петка“.

ЈСП Скопје ќе обезбеди и дополнителен број автобуси на линијата 28 за среда и четврток.

„На 8.08.2018 година (среда), освен редовните поаѓања утврдени со летниот возен ред, автобус на линијата 28 од Транспортен центар кон Нерези (Македонско село) ќе има и во 17:20 часот, како и во 19:50 часот во обратен правец. На 9.08.2018 година (четврток), вонреден автобус ќе има во 7:10 часот од Транспортен центар кон Нерези (Македонско село), односно во 11:20 часот во обратен правец.
Во овој случај, ЈСП Скопје одговори позитивно на барањето на манастирот „Св.вмч.Пантелејмон“, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие.