5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

МЗМП поддржа постапка за утврдување на дискриминација на лице со телесна попреченост

Македонското здружение на млади правници- МЗМП Скопје поддржа постапка за утврдување на дискриминација на лице со телесна попреченост во областа на пристап до добра и услуги.

На 1 декември 2017 година, адвокатот Диме Ѓорчевски од Скопје поднел тужба до Основeн суд Кавадарци против Општина Кавадарци, за утврдување на дискриминација на лице со телесна попреченост во областа на пристап до добра и услуги, поради непреземање односно пропуштање да се преземе дејствие за прилагодување на инфраструктурата и просторот и обезбедување на пристап до добра и услуги на тужителката како лице со телесна попреченост.

Веднаш по добивањето на тужбата, Општина Кавадарци го контактирала адвокатот на тужителката со цел вонсудско решавање на спорот. На 20.12.2017 година, полномошниците на странките до судот доставиле заеднички поднесок со кој го известиле судот дека странките постигнале согласност постапката да биде прекината. Во меѓувреме, Општина Кавадарци ги презела сите неопходни мерки за отстранување на повредата на правото и ја прилагодила инфраструктурата и просторот на улицата „Лазо Асијата” согласно техничките стандарди, за да на тужителката како лице со посебни потреби и се обезбеди пристап до нејзиниот дом.

Откако Општина Кавадарци ги извршила сите прилагодувања, адвокатот на тужителот ја повлекол тужбата. ,,Тужителката и нејзиното семејство се благодарни за соработката со општината. МЗМП ја поздравува брзата и совесна реакција на Општина Кавадарци и ја зема за пример во борбата против дискриминација на лицата со телесна попреченост”, се вели во соопштението.

Спонзорирано: