12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

САД пак воведоа економски санкции кон Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп пак воведе економски санкции кон Иран. Мерката ќе стапи на сила на полноќ. Трамп тврди дека иранското раководство е „убиствена диктатура која продолжува да шири крвопролевање, насилство и хаос“.

Одлуката беше соопштена по три месеци откако Трамп ги повлече САД од меѓународниот договор од 2015 година со кој се ограничуваше иранската нуклеарна програма. Новите санкции се насочени кон автомобилскиот сектор, секторот за благородни метали, иранската валута и други финансиски трансакции.На 5 ноември САД исто така ќе ги обноват санкциите за трансакциите поврзани со енергетскиот сектор, како и за трансакциите кои ги вршат странските финансиски институции со Централната банка на Иран.

Американскиот претседател кој е на работен одмор во неговото голф одморалиште во Бедминстер, сојузната држава Њу Џерси повторно го нападна меѓународниот договор од 2015 година, нарекувајќи го ужасен, едностран договор кој не успеал да ја постигне основната цел за блокирање на можностите Иран да развие нуклеарна бомба, истовремено давајќи му на Техеран пристап до финансиски средства откако биле укинати претходните санкции.

„Откако беше постигнат договорот, агресијата на Иран само се зголеми. До денешен ден, Иран се заканува на САД и на нашите сојузници, го поткопува меѓународниот финансиски систем и поддржува тероризам и милитантни групи низ целиот свет”, рече Трамп.

Спонзорирано: