6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ ги блокира санкциите на САД против Иран, за заштита на европските компании

Европската Унија го спроведува таканаречениот „статут за блокирање“ со цел да ги заштити своите фирми кои имаат седишта и воедно работат во Иран, а поради американските санкции против земјата.

Првиот круг од обновените санкции на САД кон Иран ќе стапи на сила во вторник.

Вашингтон ги враќа казните што беа повлечени против Иран по повлекувањето од историскиот нуклеарен договор постигнат со Техеран по многугодишните преговори.

Европската комисија објави дека и покрај санкциите на САД, европските компании ќе продолжат да работат во Иран, под заштита од Брисел.

„Укинувањето на санкциите поврзани со нуклеарното оружје е суштински дел од договорот – има за цел позитивно да влијае не само на трговските и економските односи со Иран, туку најважно и врз животите на иранскиот народ.

Ние сме решени да ги заштитиме европските економски оператори ангажирани во легитимен бизнис со Иран, во согласност со правото на ЕУ и со резолуцијата 2231 на Советот за безбедност на ОН “, соопшти Европската комисија.

И токму поради оваа причина ЕУ го активира својот „статут за блокирање“, кој ќе стапи на сила на 7 август, односно утре, информираат од комисијата.

Спонзорирано: