22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Две години од смртносните поплави во Скопско

Поминаа две години од невремето што предизвика поплави во Скопско, при што животот го загубија 22 лица.

Невремето што се случи попладнето на 6 август во 2016 година донесе обилни врнежи и силен ветер, а најголема беше штетата во селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново.

Тогаш наврнаа 92,9 литри дожд на метар кваратен во рок од 24 часа, а само во првите два часа од почетокот на невремето биле регистрирани повеќе од 800 громови.

Граѓаните заедно со институциите координирани од Црвениот крст се соолидализираа за испорачување на неопходната помош, а помош во форма на пумпи и намирници пристигна и надвор од границите.

Под мотото „Да не се заборави и никогаш да не се повтори“, градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, за сите учесници кои придонеле на било каков начин во справувањето со поплавата, на симболичен начин, попладнево ќе додели повеќе од 200 благодарници на институции, јавни претпријатија, фирми, здруженија на граѓани и волонтери кои доброволно помогнаа за време на поплавите.