14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Илустрација
СВЕТ

Грчкиот генерален секретар за цивилна заштита си поднесе оставка

Генералниот секретар за цивилна заштита на Грција, Јанис Капакис, денеска поднесе оставка.

Вчера, пак, грчката Влада од функција ги смени началниците на противпожарната служба и полицијата.

Грчките власти соопштија дека 36 лица и понатаму се наоѓаат во болница, од нив шест се во критична состојба.

Во катастрофалниот пожар што на 23 јули го зафати источниот дел на областа Атика, во близина на Атина, загинаа најмалку 90 лица.

Грчката Влада пред неколку дена почна со уривање на оградите околу дивоградбите, кои се смета дека го попречиле патот и ги оневозможиле жртвите навреме да стигнат до морето и да се спасат.