12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Единствено кој ја кочи Македонија и ја загрозува иднината на граѓаните е власта

Владата предводена од Зоран Заев врши беспоштеден грабеж на државата зад превезот на штетниот договор со Грција, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Заев ги лаже македонските граѓани и го гази ветувањето за задолжителен референдум. СДСМ покажа единствено самоволие и непочитување на парламентарната демократија. Додека власта на Зоран Заев се обидува насила да протурка еден катастрофален капитулантски чин, истовремено спроведува невиден грабеж во државата.
Залудно Зоран Заев го продава името. Залудно Заев потпишува капитулантски договори и прифаќа комисии за менување на историјата. Во Европа со грабеж и корупција не се влегува!

Заев е исплашен бидејќи знае дека доаѓа крајот на неговото коруптивно владеење. Граѓаните ќе го имаат последниот збор и ќе му кажат на Заев дека Македонија ќе победи!“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ

Спонзорирано: