9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хашим Тачи: Бериша соработуваше со Милошевиќ

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека нему требаат совети околу Косово од лица кои имале соработка со српскиот претседател Слободан Милошевиќ за време на косовската војна. Тачи остро го нападна поранешниот претседател и премиер на Албанија, Сали Бериша, нарекувајки го близок соработник на Милошевиќ.

Според Тачи, Бериша ја нарекувал ОВК терористичка организација, а Милошевиќ го снабдувал со нафтени дериват во момент на блокада на Србија од страна на меѓународната заедница.

Нападот на Тачи следи по изјавата на Бериша, со која тој ги оцени како мошне погрешни и опасни за Косово, најавите на косовскиот претседател за размена на територии на Косово и Србија.

Албанските аналитичари оценуваат дека политичкиот судир на косовскиот претседател со Бериша , фактички ја потврдува соработката на Тачи со актуелниот премиер на Албанија, Еди Рама, кој до сега нема дадено изјава околу изнесените ставови на претседателот на Косово за евентуална размена на територии.

Спонзорирано: