11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Мадуро преживеа напад со дронови

За време на говорот на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, пренесуван во живо на телевизија, експлодирале неколку дронови, соопштија властите на Венецуела. Мадуро не е повреден, но повредени се седум војници, наведуваат властите. Одговорност за нападот презела мала група позната како „Национално движење на војници во маици“.

Министерот за комуникации, Хорхе Родригез изјавил дека се работи за обид за атентат над Мадуро, објави Би-Би-Си.

Два дрона експлодирале во непосредна близина на местото од кое Мадуро се обраќал на еден воен собир во Каракас. Мадуро зборувал пред војниците, кога во еден момент, во телевизискиот пренос се гледа како тој и неговите соработници гледаат кон горе.

Десетина војници во тој момент почнале да трчаат, а преносот бил прекинат. Мадуро рекол дека го преживеал нападот благодарејќи му на Бога, народот и вооружените сили.

Спонзорирано: